НБА-лигата ја казни Јута џез со 500.000 долари, додека казна од 100.000 долари заработи Индијана пејсерс. Двата клуба се казнети поради непотребно одморање на здрави кошаркари на последните мечеви. За двата клуба се сомнева дека „намерно губат мечеви“ за да може да имаат поголеми шанси да добијат подобар пик на драфтот кој следува.
„Вакво намерно однесување, кое ја фаворизира позицијата на драфтот пред победата, ги поткопува темелите на НБА-натпреварувањето и ние ќе одговориме соодветно на сите понатамошни дејствија што го загрозуваат интегритетот на нашите натпревари“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.
Највидливо ваквото однесување на тимот на Јута беше на мечот против Орландо,кога тренерот на Џезерите, Вил Харди, реши во цела последна четвртина да не ги внесе во игра најдобрите кошаркари (Лаури Марканен, Џарен Џексон и Јусуф Нуркиќ). Јута загуби, а најдобрите играчи кои беа на клупата за резерви се смееја во моментите кога се решаваше средбата.
Маркакен не играше на два од последните осум меча, иако немаше никаква повреда или причина да одмора. Тренерот Харди се правдаше дека тоа било негова одлука по сугестија на лекарскиот тим, но челниците на НБА тоа не го прифатија и жестоко ја казнија Јута.
View this post on Instagram
Индијата е казнета до 100.000 долари затоа што го одмораше Паскал Паикам и уште двајца стартери на дуелот против Јута на 3 февруари, во поразот од 131:122.
Токму Индијана и Јута се меѓу најслабите екипи во лигата сезонава. Пејсерс е со биланс од 15 победи и 40 порази, додека Џезерите имаат 18 победи и 38 порази.
НБА во 2023 година го воведе ова правило да нема одморање на здравите играчи за да се намалат шансите за „намерно губење на некои натпревари“, со што би стекнале предност пред лотаријата за избор на драфтот. Јута и минатата сезона беше казнета со 100.000 долари затоа што на неколку средби го одмораше Марканен.

