Јута осум пати по ред го има победено денешниот ривал

8562 Вашингтон визардс – Јута џез (00:00 ч.)

Јута влезе во еден кризен период и загуби четири пати во последните седум меча, па дуелот со Вашнгтон доаѓа во вистинско време. Волшебниците играат очајно, наредија пет порази по ред и со само 14 победи во 39 меча се далеку од место кое води во плеј-офот.

Дури и традицијата во меѓусебните меча е на страната на Јута. Џезерите победиле во последните осум меча со Вашингтон, а пет пати тоа било со двоцифрена предност, па и сега се очекува убедлива победа на гостите

Предлог тип: 2 хендикеп со 12.5 (1.99)

 

8561 Лос Анџелес лејкерс – Шарлот хорнетс (3:30 ч.)

Иако ќе бидат без Ентони Дејвис и Марк Гасол, Лејкерси дома секогаш се фаворити. Против Шарлот немаат играно повеќе од една година, а тимот од ЛА се радувал на четири од последните пет средби.

Лејкерс е во мини серија од три победи и сигурно ќе се обидат вечерва да продолжат во ист ритам, па уште во првото полувреме да биде решено прашањето околу победникот.

Предлог тип: 1-1 (1.58)

 

8481 Њујорк никс – Орландо меџик (00:30 ч.)

Орландо е очаен и нареди осум порази во низа, па тешко дека ќе се најде „магија“ да се прекина таа лоша серија на гостувањето кај Њујорк. Посебно лош е Орландо на гости со само пет победи во 18 меча сезонава.

Интересно е тоа дека на последните седум средби на овие два тима, секогаш на крајот победувале домаќините, што е уште еден знак дека Њујорк вечерва ќе се радува на триумф и тоа во меч со повеќе од 206 поени.

Предлог тип: 1& >206,5 (3.00)

 

8327 Њујорк исландер – Филаделфија флаерс (00:00 ч.)

Њујорк е речиси безгрешен на свој терен и во 14 меча има 12 победи, а само два пати загуби и тоа по продолженија. Во просек на мечевите кога Њујорк е домаќин има по речиси шест погодоци. Филаделфија игра солидно, а тоа што е интересно дека четири од поелдните пет меѓусебни меча биле без победник по три третини, а головите треба да се гаранција за возбудлив меч.

Овојпат, следејќи ја добрата форма на домаќините, фаворитската улога е за Њујорк.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

8334 Колорадо Аваланш – Минесота вајлд (2:00 ч.)

Дерби на западната конференција на два тима кои се на само ден бод растојание. Минесота има пет победи по ред, а Колорадо е во серија од четири победи. Минесота има одлична одбрана, но тешко дека ќе може да го сопре нападот на домаќините.

Фактот дека се очекува голема борба, наведува дека не треба да има повеќе од 5,5 голови.

Предлог тип: < 5,5 гола (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести