Јута џез го победи Бостон селтикс со 122:108 во еден од најинтересните мечеви одиграни ноќеска во НБА-лигата. Домаќините во второто полувреме успеаjа да го скршат отпорот на противникот и на крајот стигнаа до 20-тата победа сезонава само во 25 одиграни средби, што ги прави најдобар тим во НБА-лигата во моментов.
Донован Мичел беше прва ѕвезда кај домаќините со 36 поени, а одлични беа и Руди Гоберт со 18 и Бојан Богдановиќ со 16 поени. Кај Бостон најпрецизен беше Браун со 33 поени, додека Татум застана на 23 поени.
https://twitter.com/i/status/1359380826102800384
За Јута ова беше дури 16-та победа во последните 17 меча, нешто што последен пат им успеало од сезоната 1997/98, кога во составот беа легендарните Карл Мелоун и Џон Стоктон, а играа во НБА-финалето против Чикаго булс на Мајкл Џордан.
Во останатите мечеви кои се играа ноќеска во НБА: Детроит – Бруклин 122:111, Мајами – Њујорк 98:96, Њу Орлеанс – Хјустон 130:101, Сан Антонио – Голден стејт 91:114, Портланд – Орландо 106:97, Сакраменто – Филаделфија 111:119.