Јута има победнички џез што не му одговара на Детроит

8357 Јанис Адетокумбо (НБА, Шарлот хорнетс – Милвоки бакс, 01 часот)

Шампионот Милвоки бакс има доста проблеми со повреди на кошаркарите, па ноќеска нема да играат: Холидеј, Ален, Конатон, Ди Винченцо, Хил и одамна повредениот центар Брук Лопес.

Во слична ситуација, пред две ноќи Шарлот хорнетс искористи и ги победи Елените со 114:106.

Кај гостите тогаш Адетокумбо беше извонреден со учинок од 43 поени и 12 скока, па типуваме дека ќе ја повтори блескавата партија и дека ќе даде повеќе од 32 поени.

Предлог тип: >32.5 поени (1.87)

 

8362 Тери Розие (НБА, Шарлот хорнетс – Милвоки бакс, 01 часот)

Тери Розие е интересен играч со многу солидна НБА-кариера. Играше долго за Бостон, а и во Шарлот си има забележителна улога.

Знае во серија да го наполни набрзина кошот на противникот, а вечерва има шанса против десеткуваниот шампион да ја повтори одличната партија баскет што ја прикажа пред две ноќи, кога постигна 28 поени против Елените и беше најефикасен кошаркар на Хорнетс во победата од 114:106.

Предлог тип: >18.5 поени (1.87)

 

8371 Детроит пистонс – Јута џез (НБА, 01 часот)

Детроит направи сериозен подвиг пред неполна седмица, кога го победи актуелниот НБА-првак Милвоки, и тоа на гостински терен.

Потоа следуваа два порази и повторно победа со Орландо, но Пистонс се многу далеку од плејофот со биланс 8-30 и се претпоследни во Источната конференција.

Јута редовно го победува Детроит во последно време, има серија од 10-0 против Пистонс и типуваме дека пак ќе ги надигра убедливо во обидот да го задржат чекорот во битката за првата позиција во Западната конференција.

Предлог тип: 2-2 (1.37)

 

8375 Хјустон рокитс – Филаделфија 76 (НБА, 02 часот)

Хјустон е екипата со најлош биланс во Западната конференција и има само 11 победи на 41 меч.

Ракетите ќе почекаат барем уште една сезона за настап во плејоф, ако не се случи светско чудо во продолжението на сезоната во НБА-лигата.

Филаделфија имаше проблеми со Бен Симонс, кој номинално е втора ѕвезда во тимот по Џоел Ембид, но решението ќе биде трампа во февруари.

И без него 76-ките играат многу солидно и се петти во Источната конференција.

Хјустон игра брза кошарка, што и лежи на Филаделфија, екипа што четири пати по ред ги победува, а трипати разликата беше над 20 поени.

Предлог тип: 2&>226.5 поени (2.50)

 

8377 Портланд трејлблејзерс – Бруклин нетс (НБА, 04 часот)

Кајри Ирвинг ноќеска нема да игра за Бруклин, остутен ќе биде и Херис, веројатно и Олдрич, но се чини дека Портланд има поголеми проблеми.

Стартното олстар-дуо бекови, Демиен Лилард и Си-Џеј Мекалум нема да игра што е голем хендикеп за Трејлблејзерс.

Во нивно отсуство блеска Енферни Симонс, кој одлично ги замени ѕвездите на Портланд.

Двете екипи играат атрактивна кошарка за кош повеќе и очекуваме лесно да ја минат границата од 225 поени.

Предлог тип: >225.5 поени (1.94) 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести