Џејк Пол е познат јутјубер чиј канал го следат повеќе од 20 милиони луѓе. Во 2018 година, Пол реши да влезе во боксерскиот ринг и без проблем го доби првиот аматерски меч.
Потоа почна и професионалната кариера на Пол, кој со нокаут во првата рунда победи друг јутјубер Али Луи Ал-Факри. Потоа без проблеми го нокаутираше и некогашниот НБА играч Нејт Робинсон, а лани славеше над поранешниот УФЦ борец Бен Аскен.
Во август оваа година, Пол го победи и некогашниот УФЦ шампион во полутешка актегорија Тајрон Вудли. Утрово Пол требаше да го има најголемиот предизвик во кариерата и да боксува против непоразениот првак во тешка категорија, Тајсон Фјури.
Сепак, овој меч не се одржа откако Фјури се пожали на здравствени проблеми, па Вудли доби шанса за реванш против Пол. Иако многумина мислеа дека Вудли изненадувачки ја загуби борбата во август, овојпат Пол потврди дека е доминантен.
Со нокаут во шестата рунда, јутјуберот покажа дека полека станува сериозна фаца во светот на боксот.