Синоќа во Катар се одигра хуманитарен фудбалски натпревар, а во главната улога беше јутјуберот „Спид“ кој можеше потешко да го повреди поранешниот бразилски фудбалер, Кака.
Имено, во 26-тата минута од натпреварот, Кака го предводеше нападот на својот тим кога од зад грб со лизгачки старт беше соборен од јутјуберот. „Спид“ за опасниот старт доби жолт картон, но не му се допадна одлуката на судијата и протестираше.
https://twitter.com/i/status/1761081871344017605
Тој подоцна прописно се посрамоти кога по асистенција на Еден Азар, но ја промаши топката.
https://twitter.com/i/status/1761084442758758821
Во хуманитарниот натпревар учествуваа бројни легенди, вклучувајќи ги и тренерите. Тим Чанкз го предводеше Арсен Венгер, а Тим Абофлах го водеше Антонио Конте.
Екипите беа наречени по капитените јутјубери и инфлуенсери кои ги бираа пензионираните фудбалски легенди во своите тимови. На натпреварот настапија легенди како Дидие Дрогба, Давид Виља, Клод Макелеле, Роберто Карлос, Рикардо Кака, Еден Азар…
Мечотна крајот заврши со триумф од 7:5 за тимот кој го предводеше Венгер.