34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Јутјубер не знаеше кој е Ѓоковиќ, Ноле на маестрален начин му одговори (Видео)

На синоќешната гала-свеченост во Париз беа присутни многу познати лица, и тоа не само од фудбалскиот свет. Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, беше на свеченоста, а во бекстејџот Србинот имаше една нереална сцена.

Младиот 18-годишен јутјубер и рапер IshowSpeed беше збунет кога го виде Ѓоковиќ и го праша кој е тој.

„Како се викаш? Ми делува многу познато“, праша јутјуберот, а Ѓоковиќ имаше уникатен одговор. „Јас сум новиот фудбалер на Милан. Уште немам заиграно за тимот, но се подготвувам за следниот меч. Сакам да постигнам хет-трик“, одговори популарниот Ноле.

Јутјуберот беше воодушевен и само даде потврден одговор. „Така е, така е“.

- Оглас -

Најнови вести