Јуве без еден од главните напаѓачи против Ајакс

Хрватот Марио Манџукиќ отпадна од комбинација за настап на утрешниот меч со Ајакс од Лигата на шампионите и тоа е вториот хендикеп за Јувентус, кој нема да смета ниту на дефанзивецот Џорџо Кјелини.

Тренерот Масимилијано Алегри рече дека Кристијано Роналдо и Федерико Бернардески сигурно ќе бидат стартери, но уште не знае дали третиот напаѓач ќе биде Мојзе Кен или Пауло Дибала, евентуално изненадување би бил Даглас Коста. Тоа е единствената дилема на Алегри, кој ќе стартува со Шченсни на голот, Кансело, Ругани, Бонучи и Алекса Сандро во одбраната, а Емре Џан, Пјаниќ и Матуиди во средината.

Младиот Кен е во феноменална форма, додека Бразилецот Даглас беше опасен во Амстердам, но не е целосно подготвен и веројатно ќе биде резерва. Покрај Кен, шанса да почне има и Дибала, па двајцата се со шанси да тргнат од првата минута на местото на Манџукиќ, кој ја носеша капитенската лента на првиот меч пред шест дена и немаше забележителен учинок.

Утре капитенската лента ќе ја носат Бонучи или Дибала (доколку стартува, Аргентинецот ќе биде капитен, во спротивно, Италијанецот).

- Оглас -

Најнови вести