Јуве даде два гола, ама заборави да се брани, и загуби од Сасуоло (Видео)

Сасуоло втора сезона по ред во Серија А успеа на свој терен да го совлада Јувентус, овојпат со 4-2, што за најтрофејниот италијански клуб е прв пораз сезонава.

После негативите од 0-1 и 1-2, Јуве успеваше да израмни, но кога погоди Андреа Пинамонти во 81-ва минута, фаворитот како да се помири со пораз, а во судиското продолжение Сасуоло ја потврди победата. Старата дама во првите четири кола прими само два гола, а вечерва дури четири пати ја вадеа топката од мрежа.

Ова е клучниот гол на Пинамонти, кој добро се снајде по одбиената топка и одбраната на Шчесни:

https://twitter.com/i/status/1705640881234051250

- Оглас -

Најнови вести