Јуве е сигурица на денот

1002 Манчестер сити – Вулверхемптон (21.00 часот)

Вулверхемптон веќе пет кола по ред не знае за пораз, но вечерва гостува на „Етихад“, против тим кој од 19 декември наваму само победува. Сити нема пораз од ноември и веќе е безбеден на првото место во Премиер лигата со двоцифрена разлика пред вториот. Волците го добија последното гостување против Граѓаните, тоа се случи во октомври 2019 година, па сега домашните ќе сакаат да се реваншираат. Есеноска Сити како гостин славеше против Вулфс со 3-1. Гвардиола нема повредени освен Аке, додека кај Вулфс ги нема Боли, Хименес, Поденс и Марсал.

Предлог тип: Х-1 (3.60)

 

3002 Јувентус – Специја (20.45 часот)

За Јуве ова е прв од трите домашни натпревари по ред. Со победа над Специја, Старата дама ќе дојде на седум бода заостанување зад првопласираниот Интер. Јувентус нема право на грешка. Во тимот на тренерот Пирло фалат голем број на играчи, но на теренот ќе бидат Роналдо, Кулушевски и дружината, а тоа треба да биде доволно за победа. Викендов двата тима одиграа нерешено, ново реми за Јуве најверојатно ќе значи простување од титулата. Јуве и Специја во Торино играле само во 2007 во Серија Б и тогаш победија гостите, можеби Буфон се сеќава на мечот.

Предлог тип: 1-1 (1.83)

 

2834 Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд (20.45 часот)

Двете Борусии вечерва ќе се борат за место во полуфиналето на Купот на Германија. Домашниот терен може, но и не мора да биде голема предност за тимот од Менхенгладбах. Не може да се пофалат со добри резултати во последно време, напротив, во криза се во Бундеслигата и пред испаѓање од ЛШ, но последната лигашка победа им беше токму против Дортмунд со 4-2 на 22 јануари. Дортмунд на последните три меча победи и секогаш даваше барем три гола.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

1024 Виган – Чарлтон (19.00 часот)

Некогашните премиерлигаши сега се во третата по ранг лига во Англија, но и тами не им цутат розите, особено не на Виган, кој е претпоследен на табелата во Лига 1. Чарлтон не е загрозен од испаѓање, но освои само еден бод во последните четири кола. Победата повеќе им треба на домашните и тие ќе се обидат да ја искористат кризата кај противникот. Виган нема домашна победа во 2021 година.

Предлог тип: & 2-4 (2.65)

 

3014 Реџина – Емполи (19.00 часот)

Емполи е интересна екипа која е првопласирана во Серија Б и има неверојатна серија од пет ремија едноподруго. Во 25 кола, Емполи претрпе само еден пораз, но има дури 13 нерешени резултати и се најефикасен тим во лигата. Реџина е во налет, има четири победи и една нерешена во последните пет кола, што ѝ помогна да се одлепи од опасната зона. Последните пет домашни мечеви за Реџина беа крајно неефикасни, со 0-1 гол, но Емполи на гости четири меча по ред и дава и прима гол.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.74)

 

- Оглас -

Најнови вести