Со голот на Полјакот Аркадјуш Милик во 57-мата минута, Јувентус го победи Лече со минимални 1-0 во првиот меч од шестото коло на италијанската Серија А.
Ако се погледне табелата, овој меч можеше да се нарече и дерби бидејќи Лече немаше пораз до вечерва. Сега Интер е единствен тим во лигата без пораз, а Старата дама, која викендов загуби од Сасуоло, им се врати на победите и со трите бода изби пред Лече и барем привремено е на второ место.