Победата на Јувентус од 2-0 против Манчестер сити ја продлабочи кризата кај Граѓаните, кои имаат само една победа на последните десет натпревари во сите натпреварувања, а им се заканува и опасност од испаѓање од Лигата на шампионите ако не победат барем во еден меч од последните две кола.
Откако на полувреме беше 0-0, Борусија Дортмунд и Барселона се отворија целосно во вториот дел и приредија голеада, на крајот славеа гостите со 3-2. Јунак на Барса беше резервистот Феран Торес, кој даде два гола откако влезе во игра на местото на некогашната ѕвезда на Борусија, Роберт Левандовски. Лоша вест за Каталонците е повредата на Рафиња, како и тоа што лесно примаат голови, но го најдоа патот до победата, кој им го донесе второто место на табелата.
Милан со 2-1 ја совлада Црвена ѕвезда, а победничкиот гол на Абрахам во 88-мата минута мораше да го провери ВАР.
Сигурни беа Арсенал против Монако (3-0 за Точиите), Феенорд со Спарта Прага (4-2) и Штутгарт, кој со 5-1 го торпедира Јанг бојс. Немаше голови само на мечот Бенфика – Болоња.