6866 Лион – Јувентус (21.00 часот)
Ова е реванш од четвртфиналето во Лигата на шампионите за жени, а на првиот дуел во Торино пред осум дена, Јуве победи со 2-1. На тој меч, Лион поведе рано, но црвен картон во 62-рата минута ја смени сликата и италијанскиот тим со пресврт славеше на крајот. Овојпат Лион е многу голем фаворит, Лавиците сезонава ги добија сите средби на домашен терен. Во минатата сезона, Лион дома го совлада Јувентус со 3-0.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.68)
6865 Волфсбург – Арсенал (18.45 часот)
Победникот од овој двобој во полуфиналето на женската Лига на шампиони ќе се сретне со Барселона. Првиот меч во Лондон заврши со нерешени 1-1 и тоа ги остава отворени сите опции во игра, но фаворит е домашниот тим, кој во 89-тата минута ја испушти победата на првиот натпревар кога Арсенал беше домаќин. Оваа средба ќе ја суди нашата Ива Пројковска. Волфсбург нема пораз уште од ноември, а Арсенал од јануари.
Предлог тип: 1 (2.03)
2811 Есбјерг – Хобро (18.00 часот)
Битката за опстанок во данската прва дивизија (втора лига) е многу интересна и неизвесна бидејќи првиот и последниот тим на табелата имаат само 9 бода разлика. Од шесте тима во плејаутот, испаѓаат најслабите два. Есбјерг е само два, а Хобро четири бода над опасната зона. Хобро е во многу подобра форма, има три победи и една нерешена во последните четири кола, додека Есбјерг освои само еден бод во последните пет меча. Традицијата најавува многу голови.
Предлог тип: Х2 & 3+ (3.95)
9179 Вардар 1961 – Веспрем (18.45 часот)
Македонскиот првак иако игра дома во „Јане Сандански“, сепак, според квотите, е аутсајдер против унгарскиот гостин. Ова е прв меч од осминафиналето, реваншот ќе биде за една недела. Вардарци сезонава играат променливо, знаат да изненадат и пријатно и непријатно. Доколку поразот од Еурофарм Пелистер не оставил трага, Црвено-црните може да се надеваат на добар резултат бидејќи на своја страна ќе ја имаат и публиката. Веспрем на 10 март даде дури 40 гола против ПСЖ, Вардар ќе мора да игра силна одбрана ако сака да избегне пораз.
Предлог тип: >59.5 (1.80)
8396 Армани Милано – Монако (20.45 часот)
Овој меч од кошаркарската Евролига е многу позначаен за гостите отколку за домашните бидејќи Манекените речиси имаат обезбедено плејоф, а Кнезовите се седми на табелата и многу би им значел триумф за задржување на позицијата. Монако е во серија од три победи по ред, а Милано ги доби последните два. Монако е тим кој и дава и прима многу повеќе поени отколку Армани. Во декември, Милано како гостин триумфираше, па затоа типуваме дека повторно ќе победат, иако можеби гостите ќе бидат помотивирани.
Предлог тип: 1 (1.56)