Јувентус и Баерн ќе сакаат без многу мака да освојат три бода

Присуството на Јувентус и Баерн Минхен ја збогатува денешната петочна понуда. Овие европски гиганти ќе се обидат да победат без да потрошат премногу од своите сили бидејќи за неколку дена имаат многу тешки мечеви во Лигата на шампионите. Според квотите на денот на SPORT LIFE, Јуве и Баерн би требало да дадат барем три гола и да најават дека се во форма пред дуелите со Атлетико, односно со Ливерпул.

 

Јувентус – Фрозиноне (20.30 часот)

„Старата дама“ нема да има милост кон тимот кој се бори за опстанок. Фрозиноне мора на друго место да бара бодови и шанса за бегство од претпоследната позиција на табелата. Јуве има историски најуспешна сезона, со 20 победи и три ремија по 23 кола. Ова е прилика со комбиниран состав да се совлада гостинот и одбраната на Јуве да го поправи впечатокот и да не прими три кола како на претходните три меча.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.95)

 

Аугсбург – Баерн Минхен (20.30 часот)

Се чини дека тука Аугсбург нема никакви шанси во баварското дерби. Баерн е на пет бода од лидерот Борусија и гостувањето кај тимот кој се бори за опстанок не смее да помисли да го заврши без победа. За фаворитот ова може да биде и шутерски тренинг за зголемување на самодовербата пред пресметката со Ливерпул.

Предлог тип: Т2 1+I & Т2 3+ (2.25)

 

Еибар – Хетафе (21.00 часот)

Хетафе е едно од пријатните изненадувања во Шпанија, го држи високото петто место, а ако победи вечерва, привремено ќе биде и четврти. Еибар е во голгетерска форма, даде барем два гола на четири меча по ред. Хетафе лани победи на „Ипуруа“ со 1-0 и има низа од четири меѓусебни дуели без пораз од Еибар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

КПР – Ватфорд (20.45 часот)

Квинс Парк ренџерс се мачеше против третолигашот Портсмут во претходното коло од ФА купот, а сега на „Лофтус роуд“ доаѓа солидна екипа од Премиер лигата. Ватфорд е фаворит и би требало да има предност, во последно време добро игра и на гости, но би се обиделе да типуваме на изненадување.

Предлог тип: 1Х (1.86)

 

Лион – Генгам (20.45 часот)

Лион игра во променлива форма и не се знае дали вечерва ќе биде нивното добро или лошо издание. Успеаја да го победат силниот ПСЖ, а потоа загубија од Ница. За Лион, овој меч доаѓа како шанса да се стави мевлем на раната и шанса како победници да влезат во дуелот од ЛШ против Барселона.

Предлог тип: 1-1 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести