Јуве има незгодно гостување кое мора да го добие

1004 Лидс – Астон Вила (18.30 часот)

Лидс и Астон Вила се фајтерски екипи кои многу ретко играат нерешено. Лидс има само две ремија во 25 меча, а Вила три нерешени на 23 дуели. Тимот на Алиоски е значително поефикасен, но има и многу повеќе примени голови. Астон Вила од 2000 година нема победено во Лидс. Есеноска во Бирмингем, Лидс беше убедлив со 3-0, па и сега кога ќе играат дома, ќе бидат фаворити. Кај Астон Вила, неизвесен е настапот на Грилиш, ако не игра, тоа ќе биде проблем.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

3004 Верона – Јувентус (20.45 часот)

Верона некако се стабилизираше во средината на табелата и далеку е од местата кои водат во Европа, а безбедна е од можно испаѓање. Јувентус ако победи, ќе дојде на бод зад второпласираниот Милан. Кај Јуве ќе ги нема Дибала, Данило, Кјелини, Бонучи, Квадрадо и Артур, па првакот на Италија мора да биде претпазлив, особено што последната победа над Верона им е во септември 2019 година. Лани Верона на „Бентегоди“ го победи Јуве со 2-1, а есеноска во Торино, средбата заврши 1-1. Традицијата најавува голови на двете страни.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

1806 Лајпциг – Борусија М. (18.30 часот)

Тимот со најдобра одбрана во Бундеслигата, има само два бода помалку од водечкиот Баерн, па со право се надева дека може и да ја освои титулата. Борусија Менхенгладбах освои само два бода во последните четири кола, а и во Лигата на шампионите не си поминаа добро. Собослаи е на листата на повредени кај Лајпциг. Менхенгладбах нема гостински пораз во првенството уште од ноември. И традицијата е на страна на Црвените бикови, но есеноска победи Борусија со 1-0, нивен прв троиумф против Лајпциг.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.07)

 

3003 Болоња – Лацио (18.00 часот)

Лацио се бори за висок пласман и излез во Европа. Пред неколку дена римјаните дома загубија од Баерн и сега со сите сили ќе се фокусираат на Серија А. Болоња не знае за пораз во февруари, а за Лацио интересно е што не играле нерешено уште од 3 јануари. Болоња уште од 2012 година нема победа над Орлите, а дома не го победиле Лацио од 2011. Лацио на последните пет гостувања на „Ренато Дал Ара“, секогаш даваше два гола.

Предлог тип: 3+ (1.78)

 

1306 Хетафе – Валенсија (21.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои имаат само по 6 победи во 24 настапи сезонава. Тоа е лош учинок особено за Валенсија, но Лилјаците се во криза, иако во последните четири кола успеаја двапати да победат. Хетафе има четири порази по ред, и дури пет кола по ред нема дадено гол, па затоа сега се на само три бода над опасната зона. Есеноска на „Месталја“ беше 2-2, сега тешко дека ќе биде толку ефикасно. Хетафе уште од септември нема дадено повеќе од еден гол на домашен меч.

Предлог тип: 0-2 гола (1.45)

- Оглас -

Најнови вести