Јуве – Наполи сепак ќе се игра, ама Наполи ќе биде и казнет со одземање бод?

Корона-вирусот прави многу проблеми во Италија, два меча викендов од Серија А не се одиграа, па сега се размислува и како да се доврши сезоната ако нема услови да финишира според планот.

Средбата Јувентус – Наполи, која не се одигра викендов иако беше закажана, а гостите не се појавија поради забрана за патување од нивните локални власти, најверојатно сепак нема да биде регистрирана со 3-0 за Јуве, туку ќе се игра во некој нареден слободен термин, но Наполитанците ќе бидат казнети со одземање на еден бод поради прекршување на актуелните протоколи кои велат дека одложување на меч може да има само ако 10 играчи од еден тим се заразени, а во Наполи се само двајца.

Во Серија А веќе дискутирале и за хипотетички плејоф со осум тима за одредување на првакот, ако не е можно да се доигра сезоната според сегашниот календар. Во Италија приоритет е сезоната да се доигра според актуелниот систем, никој не сака плејоф, но ако мора да се активира Планот Б, тогаш ќе се види и тоа чудо.

Треба да се играат 380 меча и ако не се одиграат барем 340, можно е да се прекине сезоната и да се воведе плејоф, како и плејаут за испаѓање. Тој плејоф би се играл или дома-гости како во Серија Б, со предност за подобриот на табелата ако заврши нерешено, или да се игра еден меч како завршницата на ЛШ во Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести