Јуве не застанува: По Ремзи, налето доаѓа и Иско

Откако Јувентус ги договори условите со Арон Ремзи и се чека да ги помине медицинските прегледи, „старата дама“ најави офанзива по потписот на Иско Аларкон. Спортскиот директор на италијанскиот првак, Фабио Паратичи, смета дека ова е вистински момент да се обиде да го договори трансферот на ѕвездата на Реал Мадрид, кој сезонава тотално отпадна од првиот тим на „кралевите“.

Паратичи наводно веќе договорил средба со претставници на фудбалерот, а италијанските медиуми велат дека Јуве овојпат ќе си ја оствари долгогодишната желба и Иско ќе го облече црно-белиот дрес.

Статусот на Иско во Реал е јасен, тој е само статист во овие моменти и никако да се наметне кај Солари. Откако стратегот го замени Хулен Лопетеги, Иско стартуваше само на два меча од вкупно 16 натпревари. Во Ла Лига ниту еднаш не бил во стартните 11 сезонава. Токму затоа од Јувентус сметаат дека ова е вистински момент и шанса која не смее да се пропушти за да го убеди Шпанецот да се пресели во Торино.

За неговите услуги се интересира и Манчестер сити, наводно Реал би прифатил понуда од 80 милиони евра, но останува Иско да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

- Оглас -

Најнови вести