Наполи го растури Јувентус со 5-1 во дербито на италијанската Серија А помеѓу првиот и вториот на табелата, па сега наполитанците имаат плус десет во однос на Старата дама.
Јуве осум кола по ред немаше примено гол, а вечерва на „Диего Армандо Марадона“ за 72 минути прими дури пет. Цели 30 години се немаше случено Јуве да прими пет гола на прволигашки меч, а 34 години се немаше случено Наполи да даде пет гола против најтрофејниот италијански клуб.
Петтиот гол беше дело на Елиф Елмас, Македонецот играше само во второто полувреме. Ова е неговиот погодок:
https://twitter.com/i/status/1614009723648626688