Јуве оди по првата сезонска победа надвор од Торино

1243 Ренџерс – Абердин (16.00 часот)

После киксот во минатото коло кога дома одигра нерешено со Ливингстон, сега Ренџерс има четири бода минус во однос на Селтик и нема право на нова грешка, доколку сака да остане во трка за титулата во Шкотска. Абердин за кој игра нашиот Бојан Миовски, е трети на табелата со седум бода помалку од Глазгов Ренџерс. Абердин во досегашните 11 кола, има само еден нерешен резултат. Миовски и другарите победуваа во претходните две кола. Абердин во 2018 година последен пат победи на лигашко гостување на „Ајброкс“, во март годинава беше 1-0 за Ренџерс.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.12)

 

3002 Лече – Јувентус (18.00 часот)

Лече има освоено скромни 8 бода во 11 кола, имаат само една победа, и тука единицата би требало да биде исклучена како опција. Но, и Јувентус е во сериозна криза, има многу повредени играчи, испаднаа од Лигата на шампионите. Лече ретко прима повеќе од два гола, а дома дава барем по еден гол на сите мечеви сезонава. Лече дома има серија од четири меча на кои одигра со истиот резултат 1-1. Јуве сезонава уште нема победа надвор од Торино. Последните три гостувања на Јуве во Лече беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

1806 Ајнтрахт – Б. Дортмунд (18.30 часот)

После успешно завршената работа во ЛШ, овие два тима кои се соседи на табелата во Бундеслиата, ќе се обидат да ја продолжат позитивната низа. Ајнтрахт има подобар напад, а Борусија подобра одбрана. Ова се екипи кои ретко играат нерешено, а последните седум гостувања на Борусија во Франкфурт беа со „Гол-Гол“. Борусија не прими гол на претходните три меча во сите натпреварувања, а Ајнтрахт е тим кој често и дава и прима гол. Во минатата сезона, на двата меѓусебни дуели на овие тимови паднаа вкупно 12 гола.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.83)

 

1008 Ливерпул – Лидс (20.45 часот)

Тука домашните се големи фаворити и кецот е задолжителен. Лидс има четири порази едноподруго, а Ливерпул дома не блескаше на претходните средби, но победуваше минимално, сега Црвените имаат прилика да дадат повеќе од еден гол. И традицијата е на страна на домашните. Лидс 21 години нема победа на „Енфилд“, а во минатата сезона Ливерпул пред своите фанови го разби Лидс со 6-0.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.78)

 

1305 Валенсија – Барселона (21.00 часот)

После разочарувањето во ЛШ, Барселона се врти кон шпанската лига, каде добро гази и има примено само 4 гола на 11 меча. Валенсија освои само два бода во последните три кола. За разлика од некои други мечеви во Ла Лига, вечер Барса против себе нема да има противник кој се плаши, составот на Гатузо сигурно ќе проба да изненади. На последните два меѓусебни дуели на овие екипи на „Месталја“, победуваа Каталонците и тоа беа мечеви со по 5 голови, но од ланските стрелци на средбата која заврши 3-2 на гостите, сега може да игра само Френки Де Јонг.

Предлог тип: Х2 & 3+ (1.95)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести