Јуве пазари стопер во соседството

Јувентус експресно ја договори замената за Матајс де Лихт, кој се пресели во Баерн Минхен. Бјанконерите се засилуваат со стоперот Глејсон Бремер од редовите на лутиот сосед Торино.

Трансферот ќе изнесува 47 милиони евра, од кои седум милиони ќе се исплаќаат во бонуси. Оваа сума е значително побогата од понудата на Интер, со кого Бремер веќе имаше договорено лични услови за преселба на „Џузепе Меаца“, но сега неговиот агент го реализира договорот со Старата дама.

Минатата сезона 25-годишниот Бразилец беше еден од главните играчи на Биковите со 33 настапи во Калчото, по што го привлече вниманието на италијанските гиганти и сега заслужено ќе игра за клуб со шампионско реноме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести