Јуве победи во Киев, но Старата дама нема да биде европски првак (Видео)

Алваро Мората за првпат во кариерата даде два гола на еден натпревар од Лигата на шампионите, му донесе победа на Јувентус од 2-0 на гостувањето кај Динамо Киев, но има една традиција која најавува дека италијанскиот првак нема да ја освои ЛШ во оваа сезона.

Досега во ниту една сезона во историјата на ова натпреварување не победил тимот кој прв постигнал гол, а сезонава првиот гол беше дело на Јуве, поточно на Мората. Јувентус последен пат ја отвори сезоната во ЛШ со гол во 1997/98, кога стигнаа до финалето во кое загубија од Реал Мадрид.

Шпанецот во финишот ја потврди победата за тимот на тренерот Андреа Пирло, кој е дебитант како тренер во ЛШ, а спроти себе го имаше својот екстренер Мирчеа Луческу, кој до 75 години стана рекордер како најстар човек кој водел екипа во ЛШ.

Зенит за првпат загуби на свој терен од белгиски тим. Бриж славеше во Санкт Петербург со 2-1, а победничкиот гол за гостите падна во 93-тата минута. Стрелец беше Де Кетеларе.

Погледнете го првиот гол сезонава во ЛШ, дело на Мората од Јувентус:

https://twitter.com/i/status/1318614019071238145

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести