Јуве решил да купи српски напаѓач: Ако не може Влаховиќ, добар е и Митровиќ

Најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација, Александар Митровиќ, би можело да стане играч на Јувентус и да ја продолжи низата играње за клубови со црно-бели дресови, откако беше член и на Партизан и Њукасл, а сега е во Фулам.

Прва цел на Јуве е еден друг Србин, Душан Влаховиќ, но Фиорентина не сака по ниту една цена да му го продаде Србинот на најомразениот ривал. Старата дама ако не успее да ја убеди Фиорентина да им го продаде Влаховиќ, тогаш ќе се сврти кон поефтиниот Митровиќ, кој нема искуство од играње во италијанската Серија А.

- Оглас -

Најнови вести