Според италијанските медиуми, Јувентус ги договори личните услови со Леандро Паредес, па сега останува Бјанконерите да најдат заеднички јазик со ПСЖ околу сумата на трансферот.
И покрај тоа што управата работи на овој ангажман, тренерот Макс Алегри инсистира дека не му треба фудбалер каков што е аргентинскиот репрезентативец, односно е задоволен со играчите за врска кои му се на располагање.
„За таа позиција ги имам Локатели, Ровела, средниот ред со кој располагам има доста квалитет“, изјави Алегри.
Инаку прво се чека заминувањето на Артур Мело, кој треба да биде позајмен во Валенсија, дури потоа да се комплетира трансферот на Паредес. ПСЖ бара до 25 милиони евра, Јуве засега понуди 15 милиони евра плус бонуси, па логично е да се најде компромис меѓу двете суми.
И покрај инсистирањето на Алегри, Јуве во подготвителниот период остана без Пол Погба и Вестон Мекени, закрепнувањето од нивните повреди ќе трае со месеци, па затоа Паредес се носи како опција за средниот ред.