22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Јуве со изненадувачка вест пред Суперкупот со Наполи

Колумбиецот Хуан Квадрадо се најде на листата на кандидати за настап на вечерашниот меч од Суперкупот во Италија, на кој на неутрален терен во Реџо Емилија силите ќе си ги одмерат Јувентус и Наполи.

Од Јуве информираа дека како што наложува протоколот, на Квадрадо му се направени два теста по ред и двата се негативни, па затоа тој може да ја напушти домашната изолација и да му се приклучи на тимот. Квадрадо веднаш е ставен на пријавната листа и ако има потреба, тој вечерва ќе заигра, но според најавите, нема да биде стартер, туку ќе чека шанса од клупата.

Квадрадо беше позитивен пред дербито со Милан на 6 јануари, а вчера не беше ставен на листата на патници за Суперкупот, но по денешните резултати од тестирањето, тој сепак доби право да игра.

Старата дама сепак ќе биде некомплетна бидејќи во аут од различни причини се Де Лихт, Алекс Сандро, Дибала и Демирал.

- Оглас -

Најнови вести