Јуве со Роналдо, а без Кјелини и Џан во Амстердам

Кристијано Роналдо отпатува со остатокот од екипата во Амстердам и на утрешното гостување кај Ајакс се очекува да настапи уште од првата минута, но не се знае дали ќе може да ги игра сите 90 минути, па затоа не е исклучено да влезе во игра како резерва. Ова е добрата вест за навивачите на Јувентус во пресрет на првиот четвртфинален двобој против холандскиот тим.

Тренерот Масимилијано Алегри потврди дека Роналдо, кој се повреди на 25 март, веќе е подготвен, тој тренира нормално, но кажа и дека столбот на одбраната Џорџо Кјелини и плејмејкерот Емре Џан нема да бидат во комбинација за утрешниот меч. Кјелини има хематом на листот на ногата и не отпатува за Амстердам, па во последниот дефанзивен ред заедно со Бонучи би требало да игра Ругани (повредени се и Касерес и Барѕаљи).

- Оглас -

Најнови вести