Дејан Кулушевски дефинитивно останува во Парма до крајот на сезонава, а потоа ќе му се приклучи на Јувентус, со кого се договори и денеска ги мина лекарските тестови.
Јуве, кој за Кулушевски плати 35 милиони евра, а со бонуси може да бидат и 44, посакал да го земе Кулушевски веднаш и тој да им стане конкуренција на Бернардески и Велшанецот Рамзи. Но, во случајов се прашуваше и Парма, која не се согласила од Јуве на позајмица да го добие Хрватот Марко Пјаца. Поради тоа македонскиот Швеѓанец останува во Парма до јуни.
Со продажбата на Кулушевски за 35 милиони, Аталанта е голем финансиски добитник. Клубот од Бергамо го купи Дејан од Бромапојкарна само за 165.000 евра, а го продава многукратно поскапо.