Јуве заборави да победува во Серија А и го повтори најлошиот старт во својата историја

Екипата на Јувентус не знае за победа на четири натпревари по ред во италијанското првенство. „Старата дама“, којашто во изминатава деценија редовно ја освојуваше Чизмата, по четири одиграни кола, не може да дојде до триумф, а со тоа го повтори најлошиот старт во својата историја.

Вакво нешто се случуваше и во сезоните 1961/62, кога на крајот заврши на катастрофалното 12-то место, во 1955/56, кога финишираше под број 9, и во сезоната 1942/43, кога го имаше најдобриот пласман по ваков старт и заврши на третата позиција.

Во оваа, 2021/22 сезона, Јуве има само два освоени бода, а еден од нив дојде на вчерашното реми во дербито против Милан, кое заврши со 1:1. Шанса за првиот триумф, Бјанконерите ќе бараат за два дена, кога за противник ќе ја имаат Специја во рамките на петтото коло од најсилното италијанско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести