3002 Јувентус – Аталанта (18.00 часот)
Ова е дерби на колото во Серија А, Јуве и Аталанта немаат пораз после четири одиграни мечеви сезонава и се борат за висок пласман. Старата дама има два бода повеќе, а ова се тимови и кои играат ефикасно, имаат просек од 2 и повеќе постигнати голови по меч. Кај Јуве повреден е само Милик, кај Божицата од иста причина ќе ги нема Колашинац, Скалвини, Скамака, Залевски, Бакер, Едерсон. Бјанконерите дома последен пат загубиле во март и тоа токму против Аталанта кога беше 0-4. Јувентус од 2018 не знае за домашна победа против Аталанта.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.21)
1806 Б. Менхенгладбах – Ајнтрахт (18.30 часот)
Борусија Менхенгладбах освои само два бода во првите четири кола од Бундеслигата, и ќе се обде да ја извојува првата победа, но против себе ќе има тим кој постигна дури 11 голови на четирите досегашни средби. Ајнтрахт сезонава ја почна со две победи, а потоа врза два порази по ред. Сите мечеви на тимот од Франкфурт му беа со 4+ голови, и редовно и даваа и примаа гол. Менхенгладбах има постигнато само еден гол досега. Последните два нивни меѓусебни дуели во Менхенгладбах завршија со ремија од 1-1.
Предлог тип: 2 (2.25)
1007 Тотенхем – Вулверхемптон (21.00)
Околу лондонските Петли се вртеше приказната за можна продажба, но тоа не би требало да им биде пречка на теренот да ја оправдаат фаворитската улога против тимот кој нема ниту еден бод после пет кола. Волците ја имаат една од двете најслаби одбрани во Премиер лигата, последни се на табелата, за нив и еден бод би бил успех. Тотенхем даде 10 гола што е просек од два по меч. Вулфс освоија четири бода на последните две лигашки гостувања кај Тотенхем, редно е лондонскиот тим после три години првпат да слави против Волците.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.05)
1304 Вилјареал – Ат. Билбао (21.00 часот)
Вилјареал е трети на табелата, во 6 кола освои 13 бодови, а го има и третиот најефикасен напад во лигата после Барса и Реал. Баскијците тргнаа супер со три победи по ред, но потоа влегоа во криза и сега три кола не знаат за победа, овие три рунди освоија само еден бод. Тие имаат само еден меч со 3+ голови, а на шесте меча на Вилјареал, секогаш паѓаа барем два гола. Жолтата подморница во минатата сезона не успеа да даде гол против Билбао, веруваме дека ќе го разбијат малерот.
Предлог тип: 1 (2.10)
1704 ПСЖ – Оксер (21.05 часот)
Светците имаат многу проблеми, повредени им се Дембеле, Дуе, Маркињос и Жоао Невес, а и загубија во минатото коло од Марсеј, додека в среда во ЛШ ги чека тежок меч против Барселона. Оксер има две победи и три порази во петте досегашни настапи, но тука сè зависи од ПСЖ, ако се во елемент, гостите ги чека сигурен пораз. Проблемот е колку домашните ќе бидат мотивирани и дали ќе се чуваат за важниот меч со Барса.
Предлог тип: 1Х & 1-3I13II (1.84)