Јувентус објави дека ќе го носи логото на „Спасете ги децата“ на своите дресови за вечерашниот натпревар од првото коло сезонава во Серија А против Комо.
Шестгодишното партнерство на Јувентус со Save The Children е продолжено и зајакнато бидејќи гигантите од Серија А ќе го истакнат нивното лого на предната страна на своите дресови за првиот натпревар од сезоната 2024-2025.
Истото лого во вторник ќе го има и женската екипа на Јувентус на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен.
„Јувентус и Save the Children: Соработка која започна во 2018 година, фокусирана на образованието и растот на помладите генерации, а која денес е обновена со гест полн со значење. Спасете ги децата, организацијата која повеќе од 100 години се бори да ги спаси децата во ризик и да им гарантира иднина, сега ќе биде присутна на машките и женските дресови од првиот тим на Јувентус! Со овој гест сакаме да ја продолжиме нашата заедничка посветеност, да им дадеме на децата алатки за раст, насмевка и сон, а можеби и еден ден да го носат нашиот дрес“, стои во соопштението на Старата дама.
Преговорите на Јувентус за нов главен спонзор продолжуваат по истекот на нивниот договор со Jeep.