23.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Кејн со гол од пола терен го урна Јувентус (Видео)

Јувентус го претстави Матијс Де Лихт, а стоперот го одигра својот деби меч, откако влезе во игра во 63. минута на дуелот со Тотенхем, што заврши со победа на англискиот тим од 3:2, како дел од Интерконтиненталниот куп. Хари Кејн ги засени и дебито на Де Лихт и кам-бекот на Буфон и Игуаин, со погодок од половина терен во последните моменти.

https://www.youtube.com/watch?v=G3Wz8Ol7ras&fbclid=IwAR3-I_eBURzkdPAJglA21qfAtm0SRiJnZiFoh0ligQYp7RZO5Y1pc7fFFZ0

Во Јувентус се вратија и две добропознати лица, Џиџи Буфон, кој го почна мечот и прими гол во 30. минута. Стрелец беше Ерик Ламела.

Во дресот на Јувентус повторно се појави и Гонзало Игуаин, а тој беше стрелец на израмнувачкиот гол во 56. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=qoHE5GJ7SGQ

Јувентус поведе со прекрасниот гол на Кристијано Роналдо во 60. минута, а само 180 секунди подоцна громогласен аплауз од симаптизерите на Старата Дама во Сингапур доби Де Лихт. Тој влезе во игра во 63. минута на местото на Лео Бонучи, а Јувентус само 120 секунди подоцна прими гол.

https://www.youtube.com/watch?v=nIXh_wBf-DM

Лукас Моура одлично реагираше по еден кикс во одбраната на Јуве и ја затресе мрежата на Војчех Шчесни за израмнување на 2:2, а Кејнго одлучи победникот со извонредниот потег во последните моменти.

https://www.youtube.com/watch?v=8YOS6lTPI5o

Ова беше првиот меч на двете екипи на Интерконтиненталниот куп што се игра во САД, но и во делови од Азија а учествуваат 12 екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести