20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Јувентус има страшни кадровски проблеми, реми ќе им биде полна капа против Жолтата подморница

1951 Башакшехир – Коњаспор (Суперлига, Турција, 18 часот)

Ова е веројатно и клучниот меч за двете екипи кои се кандидати за второто место што води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Трабзонспор речиси сигурно ќе биде нов шампион на Турција, а пол-позицијата за да му се приклучи во ЛШ ја има Коњаспор.

Тимот од Коња е пред историски успех и прв настап во филтер-рундите за настап во луксузната европска лига. Имаат 49 бода и ако не загубат денеска во Истанбул, ќе имаат најмалку шест бода предност пред Адана Демирспор, дури и огромни 8 плус ако победат.

Башакшехир има 43 бода и триумф за нив значи единствен можен исход за да останат во трката за втората позиција.

На последните пет меѓусебни дуели, и двете екипи си дваа голови, но сега подобра варијанта изгледа дека ќе има од 1-3 гола во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2,05)

 

1926 Шафхаузен – Тун (Челинџ лига, Швајцарија, 19.30 часот)

И Шафхаузен и Тун месецов играат исклучително ефикасни натпревари, па се очекува трендот да продолжи.

На дуелите на Шафхаузен, а ги имаше три месецов, беа постигнати вкупно 14 гола, или во просек 4,7 по меч.

Тун одигра четири натпревари и вкупно беа постигнати 18 гола, или 4,5 по натпревар.

И меѓусебните дуели им се ефикасни, сега и немаат посебен императив, па се очекува отврен меч со најмалку 4 погодоци.

Предлог тип: 4+ (2.24)

 

1014 Престон – Нотингам форест (Чемпионшип, Англија, 20.45 часот)

Нотингем форест е за два бода поблиски од Престон до зоната за баражи што ќе овозможат битка за последниот билет што води во Премиер лигата.

Двојниот европски првак е далеку од ерата кога пред 40-тина години доминираше на Стариот Континент и освои две титули во Купот на европските шампиони во 1979 иво 1980 година.

Сега Шумарите се надеваат на чудо и на промоција во Премиер лигата, но за тоа им треба подвиг и победничка серија.

Престон има многу помали шанси бидејќи одигра два меча повеќе и има два бода помалку од денешниот ривал.

Но и нив ги делат само пет бода од посакуваната шеста позиција, а тоа не е недостижно бидејќи треба да одиграат уште 13 натпревари.

Бодовите се многу важни, па ќе се внимава и да не се загуби бидејќи пораз може да значи збогување со амбициите да се игра во Премиер лигата од следната сезона.

Предлог тип: Х (3.10)

 

6002 Вилјареал – Јувентус (Лига на шампиони, 21 часот)

И двете екипи се во солидна форма, па се очекува голема битка на „Дела Керамика“ и општо на двомечот што носи пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

Јувентус доаѓа во Шпанија само со еден пораз на последните 16 натпревари, но и со големи кадровски проблеми.

Нема да играат Кјеза, Дибала и Ругани, а неизвесен е и настапот на Бернардески, Бонучи и Кјелини.

Тоа е голем хендикеп, па и реми за Старата дама не е лош исход.

Вилјареал не може да смета на својата прва ѕвезда Џерард Морено, а нема да играат и Коклан и Пења.

И Вилјареал тешко губи, има само 3 порази на послендите 13 натпревари и според коефициентите, тој е фаворит против Јуве, но ќе типуваме дека првиот натпревар од двомечот ќе заврши нерешено.

Предлог тип: Х (3.25)

 

6004 Челзи – Лил (Лига на шампиони, 21 часот)

Челзи има две победи против Лил во единствените два меѓусебни дуели со популарните Доги.

И двете победи се со по 2:1 во фазата по групи во Лигата на шампионите во 2019 година.

Сега ќе играат малку поинаков двомеч, по кој ќе се знае четвртфиналистот во луксузната европска лига.

Челзи има серија од 8 меча со 0-2 гола во регуларен дел од натпреварите, а и Лил игра цврсто.

На последните четири дуели францускиот тим само еднаш ја мина истата граница од 0-2 гола, па веројатно на „Стемфорд бриџ“ денеска ќе има малку голови и ќе типуваме 1&0-3.

Предлог тип: 1&0-3 гола (2.12)

 

 

- Оглас -

Најнови вести