Јувентус бара истрага за навредливата кореографија на фановите на Фиорентина

Клубот Јувентус ги контактирал Фудбалската федерација на Италија и Серија А, од кои бара да покренат истрага во врска со навредливата кореографија на фановите на Фиорентина пред мечот на „Артемио Франки“ во неделата.

Фановите на клубот од Фиренца со картони истакнаа навредлива порака „Јуве мерда“ (Јуве го.но) и затоа гигантот од Торино бара казни.

За навивачите на Фиорентина, Јуве е најомразен клуб, така е веќе 35 години откако Старата дама го купи Роберто Баџо, којшто беше икона на популарната Виола, а во последните години омразата се засили откако Јуве ангажира и други ѕвезди на Фиорентина, како Федерико Кјеза и Душан Влаховиќ.

Теоретски можно е Фиорентина да биде казнета за постапката на своите навивачи, но некои вакви слични инциденти имало и во минатото, а Фиорентина не била казнета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести