3010 Јувентус – Сасуоло (20.45 ч.)
Јувентус се наоѓа во серија од три победи во низа и е најголем конкурент на Интер во битката за титулата. Старата дама има пет бода помалку од лидерот на табелата Интер и победата е императив на вечерашниот натпревар. Уште еден голем мотив за триумф на фудбалерите на Јувентус е убедливиот пораз од Сасуоло од 4:2 на стартот од сезоната. Сасуоло со победата над Фиорентина во последното коло ја прекина мини-серијата од два порази во низа, но вечерва за сè ќе се прашува само Јувентус.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.19)
2835 Екселсиор – Гронинген (20.00 ч.)
Ова е натпревар од осминафиналето во Купот на Холандија. Екселсиор во претходната рунда славеше со 3:2 по продолженијата, и тоа над нисколигашот Спакенбург, додека Гронинген со 3:1 го совлада вториот тим на Утрехт. На меѓусебните натпревари редовно има голови, а последната пресметка во Купот на Холандија меѓу овие два тима заврши 4:2.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.87)
5631 Тунис – Намибија (18.00 ч.)
Тунис има еден триумф на Африканскиот куп на нациите (2004), додека најдобар пласман на Намибија е самото учество на ова натпреварување. На подготовките Тунис одигра два пријателски нагпревари на кои постигна два гола (2:0 против Зеленортски Острови и 0:0 против Мавританија), додека Намибија одигра без голови против Гана. Досега овие две репрезентации играле трипати меѓу себе и на сите три меча славел Тунис (2:0, 4:0 и 2:1).
Предлог тип: Т1 1+ I & Т1 2+ (2.65)
1106 Бристол сити – Вест хем (20.45 ч.)
Ова е повторен натпревар од ФА купот. Првиот дуел кој се играше во Лондон заврши без победник 1:1 и на стадионот на Бристол сити „Аштон гејт“ ќе биде одлучен патникот во следната рунда. Менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс, експериментираше на првиот натпревар, но вечерва се очекува да настапи со најсилниот тим и да дојде до победата. Чеканите во 2024 година немаат пораз, двапати одиграа нерешено и се големи фаворити да го совладаат тимот од Чемпионшип дивизијата и да ги продолжат настапите во ФА купот. Последното гостување на Вест хем кај Бристол сити беше во 2015 година, исто така во ФА купот и славеше со 1:0.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.07)
1323 Хетафе – Севиља (20.00 ч.)
Ова е натпревар од осминафиналето на шпанскиот Кралски куп и тоа меѓу екипи кои играат во Ла Лига. Севиља е вистинско разочарување во Шпанија, се наоѓа на 17-тата позиција на табелата во Ла Лига само со еден бод повеќе од опасната зона, но нејзините натпревари се ефикасни (гол-разлика 25:30 по 20 кола) и во идентичен стил се очекува да продолжи и во 2024 година. Сезонава овие два тима веќе еднаш играа меѓу себе и Хетафе славеше со 3:0, но за очекување е Севиља во обидите да излезе од кризата, да игра офанзивно, што е најава за ефикасен натпревар.
Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (2.85)