Јувентус без мака го победи Калјари

Леонардо Бонучи и перспективниот напаѓач Мојзе Кен со по еден погодок му донесоа нова победа на шампионот Јувентус против Калјари.

Бонучи, стоперот на „старата дама“, погоди во 22-рата минута, а Кен со погодок во 85-тата минута ја потврди 26-та победа на Јуве во Серија А.

Јувентус играше со комбиниран тим и чуваше сили за првиот меч во Лигата на шампионите против Ајакс на 10 април, но сепак ги освои бодовите со кои се доближи до новата титула во Италија.

- Оглас -

Најнови вести