Јувентус без Роналдо ќе ја прекине перфектната низа на гости?

Лестер – Манчестер сити

Пред неколку дена Манчестер сити беше шокиран на свој терен и загуби од Кристал палас со 2-3. Ова непланирано губење на три бода во трката за титулата на крајот може многу да значи за „граѓаните“. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, најави дека неговиот тим психички е подготвен и дека многу брзо ќе се врати во победнички ритам.

Лестер е полн со самодоверба бидејќи во минатото коло на гости го победи Челзи. Шампионот од 2016 година сега ќе се обиде да направи ново чудо против „граѓаните“, но реално гостите се големи фаворити.

Предлог тип: 2&2-4 (2.15)

 

Ливерпул – Њукасл

Домаќинот од „Енфилд роуд“ е единствениот тим без пораз во Англија. Ливерпул ја игра најдобрата сезона во последните речиси три децении, а навивачите на овој клуб сонуваат прва титула во Премиер лигата. Њукасл знае да биде незгоден на гости, па сезонава има солиден биланс од 2 победи, 4 ремија и само два порази.

Ливерпул сезонава пред своите навивачи има седум победи и само едно реми со гранитна одбрана (прими само два гола). Нападот е најсилно оружје на лидерот, па се очекува божиќно шоу на Салах, Мане и останатите.

Предлог тип: Т1 1+I&Т1 3+ (2.05)

 

Интер – Наполи

Дербито во Италија за ова коло се игра на „Џузепе Меаца“. Ако се исклучи Јувентус од конкуренција, Наполи и Интер се двата најдобри тима во Серија А засега. Наполи е порелаксиран бидејќи има осум бода предност, па дури и да киксира, нема опасност од загрозување на позицијата.

Интер на свој терен е сигурен и победи на шест од осумте дуели досега, но таков е и билансот на Наполи на гости. Затоа и се очекува отворен дуел, но предноста сепак е за домаќинот.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.55)

 

Аталанта – Јувентус

Аталанта е тим кој има амбиции за излез во Европа, па затоа може да биде незгоден за секој ривал. Јувентус ја игра историската сезона, па досега во 17 меча има 16 победи и само едно реми. „Старата дама“ на гости е перфектна со осум победи во низа и само четири примени голови.

Тренерот на шампионот, Масимилијано Алегри, најави дека на овој меч ќе го одмори Кристијано Роналдо, но може да изостави уште неколку стандардни играчи, што може да биде шанса за домаќинот. За похрабрите, би понудиле тип дека ќе заврши перфектната низа на Јувентус на гостински терен. Во прилог на тоа е и фактот дека на последните две гостувања во Серија А кај Аталанта, гигантот од Торино одиграл 2-2.

Предлог тип: Х (3.40)

 

Манчестер ј. – Хадерсфилд

По доаѓањето на Оле Гунар Солскјер за тренер на Манчестер јунајтед, на „Олд Трафорд“ владее победничка еуфорија. Норвешкиот стратег делува како да го прероди тимот, па во дебито на клупата успеа да донесе победа од 5-1 на гости.

Сега Солскјер ќе дебитира пред своите навивачи, па сите очекуваат сигурна победа на „црвените ѓаволи“. Хадерсфилд се чини дека е најпосакуваниот противник за ова коло бидејќи гостите се во криза и ги загубија последните пет меча во првенството, па само со 10 бода од 18 меча се на делба на последното место на табелата со Фулам.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести