1004 Евертон – Челзи (18:30 ч.)
Важен меч затоа што Евертон со евентуална победа ќе се доближи на само два бода до Челзи и да биде во трка за места кои водат во Лига на шампиони. Челзи имаше тешка недела во која прими осум гола во двомечот со ПСЖ, а загуби дома и од Њукасл.
На седум од последните осум дуели на овие два тима било со НГ односно еден од двата тима да не постигне погодок. Уште повпечатливо е тоа дека на девет од последните 11 меѓусебни дуели немало повеќе од два погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.24)
3010 Јувентус – Сасуоло (20:45 ч.)
Јувентус сезонава на свој терен има само еден пораз во 14 средби, но факт е дека вечерва Старата дама не само што не смее да загуби, туку мора да атакува на освојување на трите бода. Во последните 10 меча против Сасуоло, Јувентус има осум победи и два порази и најчесто тоа се дуели со три или поеќе погодоци, па јасно е дека може да има возбудлив дуел во Торино на кој домаќините треба да се радуваат.
Предлог тип: 1&3+ (1.86)
1806 Борусија Д. – Хамбургер (18:30 ч.)
Борусија уште не ја губи надежта дека може да го стигне лидерот Баерн, па затоа сигурно ќе атакува на освојување три бода на свој терен. Милионерите сезонава пред своите фанови имаат 10 победи, две реми и само еден пораз.
Хамбургер има една цел, а тоа е да не испадне од лигата, па за нив би било премија ако не загубат во Дортмунд, но тоа е тешко веројатно.
Предлог тип: 1&1+I & 1+II (1.93)
1444 Севилја – Валенсија (21 ч.)
Само еден бод ги дели овие два тима. Валенсија има 32 и е на 14 место, а Севилја е со 31 бод веднаш зад нив. Двете екипи мака мачат со реализацијата, а и традицијата потврдува дека кога играат овие две екипи, нема многу погодоци. На осум од последните 10 меѓусебни дуели немало повеќе од два погодоци, па факт е дека и вечерва еден момент може да биде решавачки.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.03)
1540 Бенфика – Виторија Гимараеш (19 ч.)
Бенфика уште нема ниту еден пораз во првенството, но поради осумте реми во 26 меча е на третото место на табелата. Повеќе од два гола во просек постигнува Бенфика сезонава. Виторија Гимараеш нема победа во последните четири кола.
Неверојатна е низата од 32 меча на кои Бенфика нема пораз од овој ривал (25 победи и седум нерешени), па јасно е дека „кецот“ е најреална опција.
Предлог тип: 1 &2-4 (1.93)

