Јувентус десеткуван ќе се појави на „Драгао“

Андреа Пирло потврди лоши вести во пресрет на утрешното гостување на Јувентус кај Порто во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

Старата дама на „Драгао“ ќе се појави десеткувана без главните играчи Леонардо Бонучи и Пауло Дибала, кои се повредени, а исто така од претходно отсуствуваат Артур Мело и Хуан Квадрадо.

„Бонучи и Дибала ќе патуваат со остатокот од екипата, но не се подготвени за настап. Ремзи ќе биде во конкуренција. Околу мечот можам да кажам дека ќе биде комплицирано бидејќи Порто е прилично организирана екипа и добро се брани, има сличен систем како оној на Атлетико Мадрид во формација 4-4-2“, посочи Пирло.

- Оглас -

Најнови вести