Јувентус дојде на гости кај Несторовски по рекордното Скудето

Јувентус денеска е на гости кај Илија Несторовски и неговите соиграчи од Удинезе и стигна до победа што ќе му ја донесе рекордната 36-тата титула во Серија А.

Старата дама треба да ги освои бодовите на мечот што ќе почне од 19.30 часот за да стане недостижна на врвот за Аталанта и за Интер.

Моментно Јувентус е на врвот со 80 бода од 34 натпревари и има предност од шест бода во однос на Аталанта и седум пред Интер.

Со триумф против Зебрите од Удине, актуелниот првак на Италија автоматски станува недостижен за двете екипи што имаа симболи во сино-црна боја, односно и за Аталанта и за Интер.

Клубот од Бергамо има послаб меѓусебен скор со Јувентус сезонава, со пораз дома од 1:3 и реми на гости 2:2, што ги става во подредена положба, па дури и да бидат израмнети со актуелниот првак.

Во случај на победа на Јувентус на „Дачија арената“, Интер со три меча за играње не може да го стигне големиот ривал кој би имал 10 бода предност на три кола до крајот.

Јувентус е голем фаворит, а ако ги освои бодовите вечерва, ќе си урне два свои рекорди во Италија. Со 36-тото Скудето во витрините, црно-белите се убедливо најтрофеен италијански клуб, со број на пехари колку што заедно имаат Интер и Милан, двете екипи што се зад Јувентус на вечната листа.

За Старата дама пехарот што им е на дофат со триумф против Удинезе ќе биде деветти по ред во Серија А, подвиг што е уникатен во Италија и го нема ни приближно ниту една друга екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести