Јувентус донесе одлука, Алегри ќе добие отказ и ќе биде заменет со тренерот кој ја воодушеви Италија

Управата на Јувентус планира по завршување на сезоната да се раздели со тренерот Масимилијано Алегри и да го замени со актуелниот тренер на Болоња, Тијаго Мота.

Иако Алегри исполни една од двете клучни цели, обезеди пласман во Лигата на шампионите (вториот беше титулата во Серија А), а Старата дама ќе игра и во финалето на Купот на Италија, управата и навивачите не се задоволни од Алегри и му замеруваат за дефанзивниот и неатрактивен стил на игра кој го форсира.

Поради тоа е донесена одлука да се прекине соработката со Алегри една година пред истекот на договорот.

Новинарот Џанлука ди Марцио објави дека Тијаго Мота, кој е вистински хит во Серија А, е главен фаворит да го наследи Алегри.

Иако Мота најверојатно ќе обезбеди пласман со Болоња во Лигата на шампионите, повикот од Јувентус не се одбива и по завршување на сезоната се очекува да потпише двегодишен договор со Старата дама, со опција тој да биде продолжен на уште една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести