Јувентус донесе одлука за иднината на Алегри

Јувентус нема да му даде отказ на Масимилијано Алегри и тој ќе го предводи тимот и следната сезона. Старата дама имаше сезона за заборав откако одамна ги загуби шансите за титула во Серија А, а во Лигата на шамионите изненадно испадна уште во осминафиналето. кога беше елиминирана од Вилјареал.

Најтрофејниот клуб во Италија сепак има шанса сезоната да ја заврши со трофеј. В среда Јувентус на „Олимпико“ ќе игра против Интер во финалето на Купот на Италија, но челниците на гигантот од Торино уверуваат дека иднината на стратегот не зависи од резултатот на тој дуел против Интер.

Алегри има договор со Јувентус до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести