Фудбалерите на Јувентус ја продолжуваат трката со Интер за врвот на табелата во Серија А откако вечерва забележаа рутинска победа над Сасуоло од 3-0. Старата дама сега има два поена помалку од Интер и се чини дека тоа се двете екипи што до крајот ќе ја водат борбата за титулата во Италија.
Победникот на мечот против Сасуоло беше решен уште во првото полувреме со двата погодоци на српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, додека во самиот финиш од мечот Федерико Кјеза само ја потврди победата на Јувентус.