Јувентус е апсолутен фаворит против тимот со којшто ремизираше на последните два меча

1113 Брајтон – Кристал палас (21 ч.)

Брајтон е во одлична серија од шест меча по ред без пораз во Серија А, но проблем за овој тим е тоа што на домашен терен сезонава има само една победа во 12 меча. Со 11 нерешени во 24 меча, Брајтон е тимот кој е експерт за нерешени.

Кристал палас на гости има само четири победи во 12 средби и тоа е тимот со втората најслаба одбрана во лигата, што досега прими 42 погодоци. На шест од последните седум меѓусебни средби двата тима постигнуваат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

3653 Јувентус – Кротоне (20:45 ч.)

Јувентус има многу повредени играчи, а сигурно ќе биде без Бонучи, Кјелини, Дибала, Артур, Квадрадо и Рабиот, но тоа не би требало да биде проблем за Старата дама во дуел со фенерџијата во Серија А. Кротоне е тим кој сезонава на гости има девет порази и само две нерешени во 11 меча, без ниту една победа.

Сепак, Јувентус треба да внимава ако се знае дека есеноска одигра само 1:1 на гости, а и претпоследниот меч со овој ривал завршил 1:1. Во останатите пет меѓусебни дуели, Јувентус на Кротоне му дал 16 гола, а не примил ниту еден.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.22)

 

1351 Осасуна – Севилја (21 ч.)

Севилја имаше низа од девет меча на кои победуваше, но таа серија заврши во дуелот со Борусија Дортмунд. Германскиот тим победи со 3:2 на гости во меч од осминафиналето од Лигата на шампионите. Кога се работи за мечеви против Осасуна, Севилја има шест победи и едно реми во последните седум дуели.

Осасуна дома игра прменливо и има по четири победи и порази и три нерешени, но, секако, нема предвреме да се предаде против една од оние екипи кои играат офанзивно.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.45)

 

1663 Бриж – Леувен (20:45 ч.)

Ова треба да биде еден сигурен „кец“. Бриж е лидер во белгиското првенство и на домашната сцена нареди 10 победи по ред во последните два месеци. Леувен е еден од ретките тимови кои може да се пофали дека го победи Бриж сезонава во првенството, и тоа со 2:1 во есенскиот дел.

Леувен е тим на чии мечеви сезонава во просек има над три погодоци (постигнаа 44, а примија 43 гола во 27 средби) и тоа треба да е доволен показател дека ќе има голови и вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (2.17)

 

1536 Маритимо – Порто (20 ч.)

Гостите се под императив да победат за да се вратат на второто место на табелата. Порто минатата недела славеше над Јувентус и покажа дека е моќен тим, па дуел со Маритимо не треба да е проблем за гостите.

Маритимо е последнопласиран и има пет порази по ред во првенството. Реално домаќините немаат сили да изненадат, па се очекува Порто да победи, и тоа без примен гол.

Предлог тип:  2 сигурна (2.12)

 

- Оглас -

Најнови вести