Јувентус е елиминиран затоа што Роналдо се плашеше да стои мирен во „живиот ѕид“ (Видео)

Дел од навивачите на Јувентус го посочија Кристијано Роналдо како најголем виновник за елиминацијата на италијанскиот првак од Лигата на шампиони. Старата дама синоќа победи во Торино со 3:2 против Порто, но беше елиминирана поради повеќе голови примени на свој терен.

По регуларните 90 минути резултатот беше 2:1 за Јувентус, колку што победи и Порто во првиот дуел, па мораше да се играат дополнителни 30 минути. Порто даде гол во 115 минута и тој погодок беше тикетот за пласман во четвртфиналето.

Оливеира погоди од слободен удар, откако шутираше ниско по земја, а играчите кои беа во „живиот ѕид“ скокнаа. Топката кон голот помина директно под нозете на Кристијано Роналдо, па навивачите на социјалните мрежи го „нападнаа“ Португалецот.

https://twitter.com/i/status/1369418746503327744

Некои коментари беа дека овој меч против Порто е еден од најлошите на Роналдо во дресот на Јувентус.

https://twitter.com/i/status/1369421125978124289

 

- Оглас -

Најнови вести