Јувентус е машина од која нема спас – неверојатно е колку поени освоил шампионот во последните девет сезони во Серија А

Јувентус е првиот клуб во Топ-5 лигите кој успеал девет години по ред да биде најдобар во домашнто првенство. На две кола пред крајот на шампионатот, Старата дама стигна до недостижни седум бода пред Интер. По 36 кола, гигантот од Tорино има освоено 83 бода, а со две победи до крајот, може максимум да дојде до 89 поени во сезоната.

Ако се знае дека Јувентус речиси една деценија е суверен владетел во италијанското првенство, се поставува прашањето на каков начин стануваше првак. Неверојатната статистика вели дека од сезоната 2011/12 досега Јувентус освои вкупно 810 поени. Ако се направи просек, тоа се дури 90 поени по сезона во просек што ги освојува Јувентус за да стигне до шампионскиот трофеј.

Интересно е што во овој период од девет години, втор на листата со најмногу освоени бодови е Наполи. Тимот од југот на Италија во изминативе девет сезони има освоено вкупно 677 поени, односно 75 поени по меч. Тоа значи дека Јувентус во просек има неверојатни 15 бода повеќе од Наполи, кој е втор на оваа листа во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести