Јувентус е непобедлив – Манџукиќ го реши „Дербито на Италија“ (Видео)

Марио Манџукиќ е во топ-форма и со четвртиот гол на последните пет натпревари го одлучи дербито на Италија против Интер.

Напаѓачот на Јувентус погоди со удар со глава во 66. минута по одличната асистенција на Жоао Кансело.

Првото полувреме му припадна на гостинот Интер, а „нероаѕурите“ имаа подобри шанси во првите 45 минути и еднаш ја погодија и стативата.

Во продолжението доминираше Јувентус и стаса до 109-та победа во 239-то дерби на Италија.

Старата дама по триумфот се зацврсти на врвот на Серија А со само едно реми и 14 победи, секако без пораз и има огромна предност пред Наполи и пред Интер.

https://twitter.com/StatesideSerieA/status/1071147347818700800

- Оглас -

Најнови вести