20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Јувентус е подготвен да биде првиот од Топ 5 лигите што ќе ја обезбеди титулата

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус веќе резервираше уште едно место на својот стадион за нов шампионски трофеј. Старата дама уште денеска може да биде староновиот владетел во Серија А. Потребно е Јувентус на гостувањето кај СПАЛ да освои само еден бод, односно да не загуби и на тој начин и теоретски да биде првак на Италија. Тоа ќе биде осма по ред титула на гигантот од Торино.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри најави дека против СПАЛ нема да играат поголем дел од стандардните играчи, но и покрај тоа, шампионот е фаворит. По 31 одигран меч, Јуве има 27 победи, три реми и само еден пораз, а Наполи заостанува дури 20 бодови. Тоа значи дека уште еден освоен бод на Јувентус ќе биде доволен за Наполи да нема ни теоретски шанси да стигне до тронот.

 

- Оглас -

Најнови вести