Јувентус е полош и од Арсенал, Наполи со „два во кец“ славеше во дербито

Елиф Елмас го одигра првото полувреме во победата на Наполи над Јувентус од 2:1 во дербито од третото коло од италијанската Серија А лига.

Иако по првиот дел, водство имаа „бјанконерите“ со голот на Мората во 10. минута, домашниот тим во второто полувреме направија комплетен пресврт. Најпрвин израмни Политано кој успешно го најде патот до мрежата на Шчесни во 57. минута, додека вториот погодок беше дело на Колибали, кој најдобро се снајде по мешаницата и од само неколку метри без проблем стрелаше.

Јувентус има катастрофален почеток сезонава во Серија А и има само еден бод по три одиграни кола. Додека, пак, Наполи со овие три има максимален учинок од девет бода.

- Оглас -

Најнови вести