Јувентус е првак кој примил најмногу голови во последните 59 години во Серија А

Многумина знаат да кажат дека титулата се освојува со добра одбрана, но оваа сезона Јувентус покажа дека тоа не мора да е правило. Италијанскиот гигант кој доминира во Серија А и деветти пат во низа е шампион, сезонава прима повеќе од еден гол во просек на меч.

Јувентус синоќа ја сочува својата мрежа против Сампдорија во победата од 2:0, но останува фактот дека има примено 38 гола во 36 кола. Последен пат еден шампион на Италија примил толку многу голови во сезоната 1960/61, кога токму Јувентус бил првак.

- Оглас -

Најнови вести