Екипата на Јувентус е се подалеку од втората позиција во Серија А, откако вечерва минимално загуби на гостувањето во Рим, од Лацио со 1-0. Единствениот погодок на мечот падна во 93-тата минута, кога црногорецот Адам Марушиќ со удар со глава погоди во мрежата на Јувентус.
Лацио со оваа победа остана во игра за излез во фудбалска Европа, бидејќи сега има само четири поени помалку од шесттопласираната Аталанта.