Кристијано Роналдо или Арон Ремзи? Кој е стрелец на водечкиот гол за Јувентус во Москва против Локомотив остана дилема и за УЕФА, која е официјален организатор на Лигата на шампионите, па го запиша велшкиот интернационалец како стрелец на голот, иако се чини дека Роналдо погоди од слободен удар и топката мина со целиот обем зад гол-линијата во четвртата минута.
Роналдо упати удар, згреши голманот на Локомотив, Гилјерме, а топката му мина низ рацете и заврши во голот. Ремзи беше најблиску и само ја поттурна топката во голот, но дилемата останува. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 127 гола, но според УЕФА, ќе почека за 128-миот.
https://twitter.com/CristianoStuff_/status/1192141055644188672?s=20